Денес, Градскиот парк во Скопје беше поинаков. Поевропски! 🇪🇺🇲🇰
Со гордост го одбележавме Денот на Европа — не само со зборови, туку со луѓе, звуци, вкусови и вредности кои ги живееме заедно!
🎵 Музиката никогаш не застана — бендови и диџеи го наполнија паркот со урбани ритми, за сите генерации. Секој звук одекнуваше со енергија, ширејќи позитива и заедништво.
🌿 Во
@yesforlessmk зоната, се покажа дека одржливоста е стил — зелени иницијативи на едно место, за сите кои сакаат да живеат поодговорно и поинспиративно.
🍽️ Зона за храна — различни вкусови, различни приказни, едно совршена сабота! А, во зоната за локални вкусови, карактеристичните
@slowfoodvodno и многу уникатни производители покажаа колку богата е занаетчиската гастрономија на овие простори.
🌸
@the_cvetko и зоната на растенија и растителни изработки донесоа пролет во срцето на паркот — цвеќе, зеленило и убавина за секого.
👗 „Маалски Бувљак” со
@kombo.creativestudio ги потсети сите дека стилот не мора да биде нов — second hand е второ шанса, помал отпад и поголема приказна која се наследува.
🎯Децата го имаа своето место — интерактивни игри, работилница за цртање и читање, а амбасадите на земјите членки донесоа автентични игри од цела Европа!
🎨 И за крај — нов мурал на „Школка“, дело на графити артистот
@drash1312 . Инспирирано од духот на Денот на Европа и посветено на Скопје 2028 — Европска престолнина на културата. Уметност која ќе остане долго по денешниот ден.
Ви благодариме од срце — на сите изложувачи, уметници, амбасади, волонтери и на секој еден од вас кои дојдовте, уживавте, се забавувате и го направивте овој ден незаборавен. Вие сте Европа! 💙