💧 „Во свет кој станува сè понепријатен за нашите сетила, чувствителноста е супермоќ”, пишува Катерина Илијовска @cate.rin во текстот оригинално објавен во нашата публикација „КОЖА”.
Зошто тогаш на чувствителноста гледаме како на слабост?
„Доколку нашите сетила се широко отворени, тешко би останале рамнодушни на сѐ што се случува денес околу нас. Луѓето свесно одбираат да ги затворат своите рецептори за да не гледаат, да не чувствуваат и да не страдаат. Но сетилата се како прозорци на овој наш дом наречен тело. Ако ги затвориме, нема да влезат бубачки, но нема да влезе ниту свеж воздух, ниту светлина. Сензорното отапување нè чува од болка, но истовремено нè лишува и од убавина и љубов. Десентизацијата на луѓето, за жал, е сè полесна како што метастазира капитализмот.”
Прочитајте го целиот текст на Meduza.mk.
Скопјани никогаш не биле олку насмеани во 16:30 во работен ден @stop_za_usje@djordanovaleksandar ✊🏻✊🏻✊🏻
П.С. Спремаме нешто за на 27ми февруари - book your calendars ;)
Како да негуваме чувство на перспектива во земја која нѐ гуши и фигуративно и буквално? За @cate.rin , соосновачка на организацијата @yesforless.mk и дел од @zelenanarodnastrazha , колективното делување и здружување е одговорот.
Таа годинава се има преселено во Македонија по долг престој во Барселона, па природно, нашиот разговор се фокусираше на враќањето дома и замислување/работа на иднината овде, нејзиното искуство со блокадата против изградбата на мали хидроцентрали на реката Дошница која се случуваше летово, создавањето на Зелената народна стража и размените, пријателствата и соработките кои му даваат смисла на животот овде.
Достапна за гледање на нашиот YouTube канал ☎️
Добредојде во Скопје - Европска престолнина на загадувањето. Загаденоста на воздухот во Скопје е проблем што ја пресекува секоја сфера на урбаното живеење поради што ни е водилка при креирањето на сите политики на ЗХГ.
ЗХГ во изминатите 4 години предложи над 50 мерки за заштита на квалитетот на воздухот во Советот на Град Скопје, но немавме мнозинство за да ги спроведеме. Ајде овие избори да го смениме тоа!
✅ Гласај за ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД
за листа на советници за Град Скопје!
97 Група избирачи Марјан Калевски
👋 ЗАПОЗНАЈ СЕ СО КАНДИДАТИТЕ НА ЗХГ
Здраво, јас сум Катерина Илијовска, инженер технолог и дел од советничката листа на ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД за Град Скопје. Како активист сум и една од основачките на здружението за еколошка едукација и одржливо живеење Yes for less.
🔥 Топ 3 најгорливи проблеми во Скопје за мене:
Загаден воздух
Прекумерна урбанизација и бетонизација
Отпад
🔨 Како би ги решила:
Замена на начинот на греење на јавните објекти кои користат фосилни горива, инспекции и казни за најголемите загадувачи во градот и нивна дислокација во подалечна иднина, забрана за издавање на дозволи за изградба на уште бетонски објекти.
💚🇲🇰 Зошто сум горда скопјанка:
Заради природните убавини кои ги имаме во близина на градот (Водно, Вардар, трите големи паркови) кои за жал не ги цениме доволно!
--
Јас сум дел од советничката листа на ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД за Град Скопје, број 97. Продолжи ја зелената револуција во Скопје, дај го твојот глас за ЗХГ!
🌼Штотуку дојдени во село Пуста Река, гледаме бабичка си ги наводнува цвеќињата во дворот. Една од послатките глетки што постојат и што може да го разнежни секој. Ја сликам скришно оти не можев да издржам, па ја поздравувам со добар ден. Почнува да се ѕвери во нас, во обид да нѐ препознае. Почнуваме муабет преку ограда.
- “Чија си ти моме?” - ме прашува, и ме загледува да види дали и личам на некој што го знае.
- Ми се насолзуваат очите. Си мислам, која е веројатноста да ја запознаеш другарката од детство на покојната ти баба, особено затоа што мислев дека селово е напуштено пред да дојдам. Со голем скептицизам ја прашувам, “Да не случајно ја знаете баба ми…? По потекло е од тука, Верка Груевска.”
- “Верка? Како да не ја знам, со неа во планињено одевме глина да копаме. Па после на грб ја носевме, колку што не држеше силата. И правевме црепни. Ех каков вкус имаше тој леб…И јас се викам Верка инаку. Туку ај елајте во двор да се напиете нешто.”
1 час подоцна, бабе раскажува приказни уз Газоза и наполитанки 🥹
Што рече @sararainboww , светов ќе биде потажен кога ќе ги снема бабичкиве со шамии, веќе се станати ендемски вид.
По повод роџендан моје најбоље пријателице @skerium , присечамо се кад смо једном отишли заједно на Марс (или бар најблиску што некогаш ќе бидеме до друга планета) 💫☄️