Стоп за Усје

@stop_za_usje

😷Непартиска граѓанска иницијатива против труењето од Усје. 🚫Забранети партиска промоција и симболи. Мирен протест, без насилство и говор на омраза.
Followers
8,334
Following
205
Account Insight
Score
33.87%
Index
Health Rate
%
Users Ratio
41:1
Weeks posts
Во Египет, Titan Cement е осудена за загадување. Со судска пресуда. Со реална исплата на оштета. Таму загадувањето не беше „перцепција“. Не беше „во дозволени граници“. Беше кривично дело! Овде истата индустрија, истиот сопственик, истата опасност, но без одговорност. УСЈЕ е дел од Titan Group. Работи во урбана средина. Припаѓа на една од најзагадувачките индустрии во светот. Ако можело во Египет, зошто да веруваме дека не може и тука? ✊ Ако тие се избориле, ќе се избориме и ние. Се гледаме на МАРШ! Оваа сабота, 12 часот, старт - Влада!
1,480 16
3 months ago
Граѓаните на Словенија ни покажаа дека индустрискиот загадувач не е недопирлив! Кога институциите молчат, народот зборува. Кога профитот е пред здравјето, отпорот е обврска, ТВОЈА ОБВРСКА. ✊Утре, во 12 часот се гледаме на МАРШ!!! Стартуваме пред Влада! Биди таму!
1,358 11
3 months ago
Додека Македонија е „златна кокошка“ со 30% профит, ние плаќаме со здравјето, со воздухот, со иднината! Ова е дозволено, толерирано и игнорирано со години. Затоа не молчиме повеќе! 📢 На 21-ви излегуваме на БЛОКАДА. За чист воздух. За одговорност. За живот. ✊ Дојди!
2,059 25
4 months ago
Зошто се фокусираме на еден загадувач? Бидејќи борбата за чист воздух мора да биде конкретна. Наместо општи протести против „загадувањето“, почнуваме од најголемиот индустриски загадувач, не затоа што е единствениот виновник, туку затоа што промените почнуваат со јасна цел. Кога ќе се постават правила за најголемите, и другите ќе мора да ги следат. Превземено од поткастот на @irlmacedonia , каде разговаравме на тема: „Вреди ли да се протестира?“
115 0
2 days ago
Заклучокот е едноставен: не смееме да прифатиме модел во кој приватниот профит оди надвор од државата, а загадувањето и здравствените последици остануваат кај граѓаните. Ако ние ја плаќаме цената со нашето здравје, тогаш имаме право да бараме одговорност, транспарентност и конкретна заштита. Превземено од поткастот на @irlmacedonia , каде разговаравме на тема: „Вреди ли да се протестира?“
63 14
7 days ago
❓ Прашањето е: Дали ќе продолжиш да молчиш и да имаш дефетистички став, или ќе „засукаш ракави“ и ќе се обидеш да направиш промена, прво за себе, а потоа и за луѓето околу тебе?! Довербата меѓу луѓето е изгубена затоа што многупати била изневерена. А кога духот е паднат, тешко е да веруваш дека нешто може да се смени. Но секоја промена почнува од индивидуа кога ќе одлучи да се охрабри, да се избори за себе и да не молчи. Борбата за подобро општество започнува со борбата најпрво за себе си, а потоа и за општествените работи, кои се дел од сите нас. Превземено од поткастот на @irlmacedonia , каде разговаравме на тема: „Вреди ли да се протестира?“
121 1
11 days ago
ВРЕДИ ЛИ ДА СЕ ПРОТЕСТИРА? „Ќе те злоупотребат“, ова е аргументот што со години нè држи пасивни. Да, има недоверба. Но пасивноста не носи промени. Од правда за Кочани, до безбедност во сообраќајот, спас на реки и шуми, борба против рудници и диви депонии, во изминативе години се појавија бројни граѓански иницијативи што покажаа дека притисокот носи резултати. Прашањето не е дали протестите функционираат, туку што се случува кога никој не протестира. Гледајте го новиот поткаст со Петар Керамитчиев од Стоп за Усје, Сара Александровска од Зелена народна стража и Бленди Ходаи од Форум за образовни промени. 📺 На линкот во био.
681 10
11 days ago
ЛАПОРЕЦОТ = ПРОФИТ ЗА ТИТАН, ШТЕТА ЗА СИТЕ НАС Во срцето на Водно, во „белите дробови“ на Скопје, со години се врши агресивна експлоатација на лапорец – клучна суровина за производство на цемент. Цели делови од планината се претвораат во огромни копови, прашина и деградирано земјиште. Во близина има домови, луѓе, земјоделски површини. Последиците од ваквата експлоатација не се само визуелни – туку директно влијаат врз квалитетот на воздухот, почвата и животната средина. ❗️Без соодветна рекултивација и пошумување, штетите остануваат долгорочни. ❗️Се нарушува стабилноста на земјиштето, се губи биодиверзитетот и се менува природниот пејзаж на Водно. Титан во Грција ваквите подрачја ги пошумува. Кај нас, прашањето е: зошто Водно и Скопје плаќаат цена за туѓ профит? Ова не е само еколошко прашање. Ова е прашање на здравје, безбедност и иднината на нашиот град. Сподели за да се слушне погласно. 🌍
1,762 47
13 days ago
Во земја каде што „наведната глава сабја не ја сече“ и каде што сме научени да молчиме и да калкулираме, протестот е начин да не им ги препуштиш одлуките за твојот живот на луѓе кои не го застапуваат твојот интерес. Од Спас за Дошница до Стоп за Усје, движења на отпор се појавуваат ширум државата. Почнуваат од мали групи луѓе што одлучуваат да не молчат, да решаваат проблем по проблем, конкретно и упорно, и да издржат пред притисоците од политички и бизнис структури. Поткастот „Вреди ли да се протестира” ќе се емитува вечерва во 22:50 на МРТ1 и на нашите Youtube и Spotify канали.
775 10
13 days ago
#STOPZAUSJE
102 1
1 month ago
Титан работи по ЗАСТАРЕНИ и НЕПОСТОЕЧКИ „ЕУ стандарди“ од 2007 г. Во Европа истите престанаа да важат уште во 2013 та година. Додека Европа ги заострува правилата, кај нас се дозволени застарени норми, дозволени се повисоки емисии и нема реален, транспарентен мониторинг. Ова е голем системски проблем и неволност на институциите да работат за доброто на скопјани! Тоа значи свесно прифаќање на полош воздух и помала заштита за граѓаните. Имајќи ги предвид сите овие факти, може да се заклучи дека тврдењето на „Титан Усје“ за усогласеност со европските стандарди е неосновано и доведува до погрешно информирање на јавноста. Реалните податоци укажуваат на значителни отстапувања и во делот на емисиите и во делот на транспарентноста. Во таа насока, ги повикуваме надлежните институции да обезбедат усогласување со современите европски BAT стандарди и да воспостават систем за независен и целосно транспарентен мониторинг. Истовремено, ја повикуваме и компанијата Титан Усје да овозможи јавен пристап до податоците во реално време и да инвестира во технологии што ќе ги намалат емисиите на ниво што е во согласност со најдобрите европски практики и на сите други цементари во групацијата Титан.
836 14
1 month ago
Ние, граѓаните и еко-експертите, подготвивме нова А-интегрирана дозвола во име на Титан Усје, со цел да обезбедиме таа целосно да биде усогласена со важечките ЕУ регулативи за цементната индустрија, како и со препораките на СЗО за граничните вредности на загадување. Сега одговорноста е кај Министерството за животна средина: да одлучи дали ќе застане на страната на граѓаните и децата, или на страната на профитот на Титан Усје. Факт е дека со само 30% од едногодишниот профит, Титан Усје може да ги исполни сите еколошки стандарди и да стане модерна европска цементара. Титан Усје, ова е минимумот на одговорност. Ова е ваша можност да покажете дека навистина сте општествено одговорни. Ова им го должите на граѓаните на Скопје.
315 2
1 month ago