25. OFFest JUNE 6 - Програма плус
★ 𝐄𝐋𝐈𝐒 & 𝐓𝐎𝐌 – 𝐈𝐭 𝐡𝐚𝐝 𝐭𝐨 𝐛𝐞 𝐲𝐨𝐮, документарен филм (Бразил) ★
Лос Анџелес, февруари 1974 година. Том Жобим, олицетворение на боса-нова, и Елис Реџина, тогаш најпопуларната пејачка во Бразил, се сретнаа за да го снимат она што ќе стане еден од најиконските албуми во историјата на бразилската музика. Преку ретки и досега невидени снимки, „Elis & Tom – It had to be you“ е музички документарец што ја раскажува приказната за тоа како се случиле средбата и снимањето на овие двајца големи уметници. Елис го донесе својот бенд, кој му се придружи на Том Жобим и на најдобрите музичари во Лос Анџелес, аранжирани од Бил Хичкок во студиото на MGM. „Elis and Tom“ ги открива конфликтите и радостите на еден уникатен момент, во патување низ времето, откривајќи ја интимноста на креативниот процес и извонредните личности на овие неверојатни уметници. Снимањето беше забележано од тим предводен од режисерот Роберт де Оливеира, кој ја организираше нивната средба. Оригиналниот материјал беше чуван 45 години, сè додека не беше реставриран и ремастериран во 2018 година. Токму овие ретки и необјавени снимки го движат овој музички документарец. Драми и тензии го придружуваа снимањето на албумот, до степен што проектот речиси беше прекинат. На крајот, силата на музиката надвладеа и ги доведе Елис Реџина, Том Жобим и група талентирани млади музичари да снимат ремек-дело.
25. OFFest JUNE 6 - Финална вечер
★ 𝐙𝐀𝐖𝐎𝐒𝐄 𝐐𝐔𝐄𝐄𝐍𝐒 (Танзанија) ★
Zawose Queens ја продолжуваат долгата традиција на флуидни полиритми и занесно полифоно пеење на народот Гого (познат и како Вагого) од регионот Додома во централна Танзанија. Потекнувајќи од музичко семејство како потомци на големиот Хукве Завосе, тие биле опкружени со музика целиот свој живот. Иако кај народот Вагого жените традиционално смееле да пеат само придружни хармонии и да свират на мал тапан наречен мухеме, тие одлучиле да ги преиспитаат и на крај да ги предизвикаат тие табуа. Во 2019 година, британските продуценти Оли Бартон Вуд и Том Ексел ја посетија Танзанија, каде што се поврзаа со две жени од семејството Завосе, Леа и Пендо, што доведе до објавување на нивниот деби албум „Maisha“ во 2024 година. Впечатливиот албум на дуото најавува нова ера. „Maisha“ ги претставува Zawose Queens на моќен, инвентивен и ослободено танцувачки начин. Со спој на органски хармонии и електронски елементи, во нивната танцово инспирирана фузија тие се поврзуваат со природата, церемонијата и ритуалот. Во последните неколку години настапувале на фестивали како Glastonbury, Womad, Sauti Za Busara, Womex и други. Оваа година, тие ќе ги донесат своите источноафрикански корени со суптилни електронски елементи – со битови и дропови – на завршната вечер на OFFest.
25. OFFest JUNE 3
★ 𝐁𝐂𝐔𝐂 (Јужна Африка) ★
(𝐁𝐚𝐧𝐭𝐮 𝐂𝐨𝐧𝐭𝐢𝐧𝐮𝐚 𝐔𝐡𝐮𝐫𝐮 𝐂𝐨𝐧𝐬𝐜𝐢𝐨𝐮𝐬𝐧𝐞𝐬𝐬)
Домородна група која потекнува од Совето во Јужна Африка, BCUC (Bantu Continua Uhuru Consciousness) ги пренесе своите високоенергетски ритми низ целиот свет. Нивната уникатна мешавина од психоделични грувови, комбинирани со хип-хоп и панк-рок енергија, им донесе обожаватели од сите краишта на светот. Настапувале на сите престижни фестивали како Glastonbury, Roskilde, Sines, Womad, Sziget итн. Во 2023 година, BCUC беa одликувани со престижната награда WOMEX Artist Award, признание кое обично е резервирано за поетаблирани артисти, резултат на нивната бестрашна работа и трансцедентни настапи во живо. Тие се враќаат на јубилејниот OFFest по две години, како еден од најдобрите состави во целата историја на фестивалот, овојпат промовирајќи го својот нов, петти студиски албум „The Road is Never Easy“. По 23 години постоење, тие продолжуваат да настапуваат со истиот бунтовнички, активистички дух со кој започнале. Преку живописен, хедонистички транс-звук, ги претставуваат богатите традиции, вера и ритуали на нивната татковина. Нивното мото „музика за луѓето, од луѓето, со луѓето“ се пренесува и на публиката на нивните настапи, при што многумина се вовлечени во ритуалистичкиот звук на нивните повторувачки бас линии и тапани.
25. OFFest 3 ЈУНИ
★ 𝐆𝐔𝐈𝐓𝐀𝐑𝐈 𝐁𝐀𝐑𝐎 (Мали, Гвинеа) - Отворање на фестивалот ★
Guitari Baro (во превод „Гитарски разговори“) е инструментално трио што плени со својата виртуозност и енергија. Овој уникатен ансамбл обединува тројца врвни гриот музичари од Гвинеја и Мали: маестралните гитаристи Гаусоу Кујате и Керфала Диабате, заедно со виртуозот на балафон Ласана Диабате — поранешен член на Symmetric Orchestra на Тумани Диабате, член на Afrocubism и лидер на легендарната група Trio Da Kali. Нивниот проект е возбудливо музичко патување — жив, пулсирачки дијалог вкоренет во богатото манде-гриот наследство. Со неверојатна леснотија, тие ги спојуваат хипнотичките традиционални стилови со влијанија од џез, конгоанска румба, гвинејски танцови ритми и кубанска музика, создавајќи звук што е смело футуристички. Тројцата музичари за првпат се сретнале во ноември 2024 година во живописната населба Мамел во Дакар— момент што прераснал во силно уметничко пријателство и резултирал со нивниот импресивен деби-албум „Guitari Baro“. Овој албум е вистинско откритие — интимен, моќен и полн со емоција. Guitari Baro веќе се издвојува како еден од највозбудливите и најиновативни музички проекти на денешницата, а OFFest со гордост го претставува пред публиката. Со само три инструменти — две гитари и еден балафон — тие создаваат цел универзум од звуци, раскажувајќи илјадници приказни и продолжувајќи ја вековната традиција на западноафриканските гриоти — поети, музичари и чувари на историјата.
25. OFFest JUNE 4
★ 𝐃𝐎𝐁𝐑𝐈𝐋𝐀 & 𝐃𝐎𝐑𝐈𝐀𝐍 (С.Македонија) ★
Дуетите нудат заедничка основа за совршен разговор. Во случајот на Добрила и Доријан, таа заедничка основа е навистина широка. Сите ги познаваме преку Чалгија Саунд Систем како чувари на традицијата. Но, нивниот дует направи и нешто повеќе. Според нивните зборови, нивниот прв албум „Апокриф“ изврши „тивка офанзива“ преку спојување на глас, уд, лупови и импровизација. Нивното деби претставува фузија помеѓу познатото и непознатото, прифатеното и необичното, тишината и звуците од околината, како и желбата за откривање и препознавање. Можеби токму затоа и регионалните и меѓународните музички критичари го прогласија албумот за ремек-дело во жанрот на глобалната музика. Повеќето состави не успеваат да импресионираат со вториот обид, но со притисокот дојде и издигнување над сигурната формула, па така се испили “Пиле Шарено”. Овојпат со електронски модификатори применети не само на удот, туку и на гласот. И покрај шарениот наслов, следниот албум беше поглед навнатре, привлекувајќи уште повеќе пофалби од критичарите. Признанијата доведоа до бројни настапи низ Европа, дополнително зацврстувајќи ја интимната врска на дуото и за возврат барајќи уште музика. Наведува да се запрашаме што се крие позади третата врата. Можеби нешто лирско, бавно, со добра приказна. Овој концерт на ОФФест е ексклузивна промоција на новиот, трет албум на Добрила и Дорјан, „Ветер да подујне“.
25. OFFest JUNE 6
★ 𝐌𝐀𝐓𝐂𝐇𝐔𝐌𝐄 𝐙𝐀𝐍𝐆𝐎 (Mozambique) ★
Мачуме Занго е реномиран мозамбиски музичар, композитор и изработувач на инструменти, препознаен како нов мајстор на тимбила (традиционален дрвен ксилофон). Тој се посветил на традиционалната мозамбиска музика и танц уште од шестгодишна возраст. Занго потекнува од Завала, во провинцијата Инхамбане, центарот на традицијата на тимбила, и има одржувано предавања на Универзитетот во Кејп Таун. Инспириран од оваа долга и страсна музичка и перкусионистичка траекторија, тој започнал да свири, да студира музика и да изработува инструменти како тимбила, мбира, читенде и џембе тапани. Тој е дел од познатата група Timbila Mozimba и има објавено соло изданија како „Wata M'cande“ и „Tatei Watu“. Во изминатите дваесет години, Мачуме има настапувано ширум светот како изведувач и композитор на традиционална, експериментална и фјужн музика, активно учествувајќи на работилници и снимања, вклучително и соработки со уметници како Кејт Грифин. „The Native Practices of Mozambique“ е аудиовизуелен концерт на Матчуме Занго, во форма на обновена верзија на песните, танците и ритуалите на Банту народите од Мозамбик. Проектот се реализираше во 2023 година и вклучува аудиовизуелни материјали од културните традиции на три етнички групи во Мозамбик: Макуа, Нијау и Чопе.
25. OFFest JUNE 5
★ 𝐋𝐄𝐒 𝐀𝐌𝐀𝐙𝐎𝐍𝐄𝐒 𝐃’𝐀𝐅𝐑𝐈𝐐𝐔𝐄 (Mali, Benin, Congo) ★
Les Amazones d’Afrique е креативна сила што ги обединува меѓународните гласови. Групата е формирана во Бамако, Мали, во 2014 година од три познати малиски музички ѕвезди и активистки за општествени промени: Мамани Кеита, Оуму Сангаре и Мириам Думбиа (од Amadou and Mariam). Овој женски колектив се соедини преку заедничка музичка визија, но и со јасна цел: да се залага за родова еднаквост и да го насочи вниманието кон сериозниот проблем на насилството врз жените. Името го добиле од Амазонките од Дахомеј, женските воини кои 200 години го штителе кралството Дахомеј (денешен Бенин). Колективот подоцна се проширил и вклучил многу женски уметници од Африка и дијаспората, вклучувајќи ги Анжелик Киджо, Нека и Рокиа Коне. Иако нивната цел — промовирање родова еднаквост и искоренување на традиционалното насилство – сама по себе е доволно значајна, нивниот музички израз е подеднакво моќен. Богат со мелодии и стилски разновиден, тој спојува пан- африкански звуци и колективни хармонии со суров, современ поп. Користејќи ја музиката како форма на кампања за родова еднаквост, Les Amazones d’Afrique настапувале на бројни големи фестивали и сцени низ светот. Со три албуми зад себе, нивната силна енергија и препознатливото присуство, се вбројуваат меѓу најважните гласови на современиот западноафрикански феминизам.
25. OFFest JUNE 5.
★ 𝐑𝐀Ü𝐋 𝐑𝐄𝐅𝐑𝐄𝐄 & 𝐌𝐀𝐑𝐈𝐀 𝐌𝐀𝐙𝐙𝐎𝐓𝐓𝐀 (Spain, Italy) ★
Раул Рефри е познат по својата способност да ги надмине традиционалните жанровски граници и како еден од најиновативните продуценти во Европа во последната деценија. Неговата музика, храбро поттикната од неговото огромно познавање на музичките традиции, го постави во центарот на некои навистина значајни соработки, кои вклучуваат музичари со силна индивидуалност како Розалија, Силвија Перез Круз, Лина, Росио Маркез, Нињо де Елче, Родриго Куевас и многу други. Овие соработки резултираа со критички признати албуми кои ги поместуваат уметничките граници. Марија Мазота е еден од најважните гласови на музичката сцена во регионот Апулија во Италија. Длабокиот и бескомпромисен начин на кој настапува е и редок и драгоцен, правејќи ја Марија Мазота една од најблескавите пејачки на глобалната светска музичка сцена. Овој проект се случи постепено, поттикнат од предлози на значајни фестивали и без притисок на обврска за снимање. Нивната соработка вроди со плод во албумот „San Paolo di Galatina“, каде Раул Рефри и Марија Мазота го ре-интерпретираат апулијскиот фолклор, прикажувајќи ја Италија од почетокот на 20 век (религиозни мантри, работнички песни, приспивни песни), со цел да се излезе од темнината и општествената задушеност и да се достигне физичка слобода и чувство на заедништво толку посакувано во нашето време.
25.OFFest JUNE 4.
★ 𝐍𝐈𝐋𝐒 Ø𝐊𝐋𝐀𝐍𝐃 & 𝐒𝐈𝐆𝐁𝐉Ø𝐑𝐍 𝐀𝐏𝐄𝐋𝐀𝐍𝐃 ★
Маестралниот хардaнгер виолинист Нилс Окланд изгледа подеднакво удобно и како солист, и во дует, или со својата избрана група соработници, Nils Økland Band. Без оглед на музичкиот контекст што го избира, Нилс делува природно и инспиративно за сите околу него. Неговата способност да создава заразни мелодии создава звук што зрачи со мистерија и веднаш препознатлива емоционална длабочина. Музиката слободно се движи помеѓу локалната традиционална народна музика, современата музика, џезот и слободната импровизација. Во осумдесеттите и деведесеттите години, тој бил студент, а подоцна и музички раководител на Ole Bull Akademiet, сместена во Вос, и токму тој период го обликувал неговиот музички пат. На ОФФест ќе настапи во интимен соло и дуо формат со органистот Сигбјорн Апеланд. Окланд има објавено четири албуми за издавачката куќа ECM, како и неколку албуми за Hubro, но неговата дискографија започнува со два албуми за Rune Grammofon и неговото деби „Blå harding“, издадено за неговата сопствена издавачка куќа Morild. Музиката на Нилс речиси доаѓа со гаранција за едноставни, невини времиња, без да биде носталгична.
𝐎𝐅𝐅𝐞𝐬𝐭 𝟐𝟎𝟐𝟔 𝐨𝐟𝐟𝐢𝐜𝐢𝐚𝐥 𝐩𝐨𝐬𝐭𝐞𝐫 !
Design: @cardula
Седум години во низа уживаме во креативните решенија на Зоран Кардула, чиј препознатлив ракопис стана нераскинлив дел од впечатливиот имиџ на OFFest.
Запомнете ги датумите: 3-6 јуни.
Наскоро следуваат детални информации за возбудливата програма на 25-то, јубилејно издание на фестивалот.
From humble beginnings in the small Macedonian city of Strumica to conquering stages across the globe, the Džambo Aguševi Orchestra has risen to the very top of the international music scene.
Džambo Aguševi also known by the nickname ”the funky tiger” is the most widely celebrated Macedonian musician since the late Esma Redzepova but he’s not about to rest on his laurels. Instead, the 31 year old trumpet player and band leader is aiming at developing the reputation he and his band hold as musicians par excellence!
Full video in bio!