✨Драги наши, со гордост Ви го најавуваме нашиот концерт во Скопје!
📍27 ноември | арена „Борис Трајковски“
▪️ Ова е вечер за сите генерации. За сите „некогаш“ и сите „сега“.
💫 За љубовта кон музиката. И за љубовта кон македонската песна. 🇲🇰
🎟️ Билети преку продажната мрежа на , Розе веро 2, Јк травел во Бисер и Јк травел Дајмонд.
🔗Линк: /event-details.nspx?eventid=5732
18 години сон — сон кој, ако не се разбудиш, никогаш нема да стане јаве. Ние го живееме нашиот сон затоа што будно сонуваме од самиот почеток, па сè до ден-денес. Амбицијата и животот се поврзани — живот без амбиција не постои, исто како што не постои ни амбиција без живот. Главниот наш адут во овие 18 години е токму амбицијата за успех.
Во животот, колку побрзо сфатиш дека нема подем без пад, победа без пораз, добро без лошо, толку побрзо ќе почнеш вистински да живееш и да бидеш подобра верзија од себе.
Ние сме тука затоа што вие, публиката, ни дадовте шанса. Вие ѝ дозволивте на нашата душа да биде среќна, а ние вам ви го дадовме нашето срце.
Да се родиме и сто пати, повторно би го одбрале истиот пат, затоа што секоја секунда од нашиот живот сфаќаме дека живееме во благослов — благослов што го прави животот драгоцен.
Низ сите овие години видовме и искусивме многу работи: концерти, Евровизија, песни, промоции, патувања и турнеи надвор од Македонија. Ги видовме Австралија, Германија, Швајцарија, Русија, Белорусија, Бугарија, Романија, Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска — нешто за што сонува секој артист и секој човек.
Сакаме да им се заблагодариме на сите што се и беа покрај нас — на сите членови на бендот, продуценти, менаџери, новинари и колеги.
Сакаме да ѝ се заблагодариме и на нашата фамилија. Без нивната поддршка, ништо не би било исто.
Оваа година ќе го одбележиме нашето 18-годишно постоење со голем концерт во салата Спортски центар Борис Трајковски на 27.11.2026.
Ве сакаме и се гледаме со нови успеси.
Мартин и Стефан
Next Time
Преполна сала, убава публика, премногу емоции и одлична организација од страна на домаќинот на нашиот концерт-Македонско друштво „Св. Кирил и Методиј” во Баар.
Македонци во Швајцарија ви благодариме за преубавиот пречек и довербата.
Го наполнивте нашето срце🫶🇲🇰🇨🇭
Наскоро првиот наш настап за оваа година
14.02.2026 за прв пат концертно во НЕГОТИНО🫶
Потоа следи исто така за прв пат 14.03.2026 Швајцарија🫶🇲🇰🇨🇭
Ве очекуваме во голем број!!!
📸 @kristijanteodorov
🚨🚨🚨🚨
ЗА ПРВ ПАТ КОНЦЕРТНО ВО ШВАЈЦАРИЈА🇨🇭🌎🇲🇰!!!
🎫🎫🎫
СКЕНИРАЈТЕ ГО КОДОТ НА СЛИКАТА И ОБЕЗБЕДЕТЕ ГО ВАШИОТ БИЛЕТ!!!
Настанот е во организација на Друштвото „Свети Кирил и Методиј“ – Баар
ВЕ ОЧЕКУВАМЕ ВО ГОЛЕМ БРОЈ🫶🇲🇰🇨🇭
СЕ ГЛЕДАМЕ НАСКОРО🫶
#switzerland🇨🇭 #macedoniaswitzerland #balkan #zurich #balkansswitzerland