Нашиот Тетекс на последната средба сезонава на домашен терен, ремизираше против тимот на ФК Кораб од Дебар со конечен резултат 3-3.
Голема благодарност за одзивот на Тетовската публика и нашиот 12-играч Војводи.
Фала ви за подршката оваа сезона!
#НапредТетекс 💙🤍
Последен домашен натпревар за сезонава на фудбалерите на Тетекс. Утре нашиот тим во рамките на 26-тото коло во Втората македонска фудбалска лига - Запад ќе го пречека тимот од Дебар, ФК Кораб. Натпреварот стартува со почеток во 17 часот на Фудбалското игралиште на Агенцијата за млади и спорт ,,АМС” во Тетово.
Во првите два натпревари сезонава против Кораб на домашен терен Тетекс победи со 2-0 додека на гостински терен одигравмо нерешено 3-3.
Ве повикуваме сите кој се во можност да бидат дел од овој фудбалски настап, вашата поддршка секогаш ни треба, бидејќи вие сте нашиот 12-ти играч.
————————————
#НапредТетекс 💙🤍
❌ Фудбалерите на Тетекс, денеска претрпеа пораз на гостувањето во Кратово против Силекс.
👏 Честитки за шампионот ФК Силекс, воедно им посакуваме многу успешни - настапи во прволигашката конкуренција.
Следниот натпревар го играме на домашен терен со тимот на ФК Кораб на 7.5.2022 со почеток во 17 часот.
Утре од 17 часот Тетекс на гостински терен во Кратово гостува кај екипата на ФК Силекс во рамките на 25-тото коло од Втора МФЛ - Запад.
Во првите два натпревари сезонава против Силекс на домашен терен Тетекс изгуби 2-0, додека на гостински терен бевме исто поразени со 3-1.
Не очекува тешка средба со доста борбена игра, нашите фудбалери се спремни да го дадат својот максимум како секој натпревар за боите на Тетекс.
Одредени се официјалните лица за овој натпревар.
Главен судија ќе биде Мишо Ѓорѓиески од Охрид, а ќе му помагаат Горан Балески (Охрид) и Осман Зеќири од Кичево. Четврти судија е Фатмир Бафто од Охрид.
За делегат на натпреварот е одреден Тихо Чурлинов од Гевгелија, а контролор на судењето ќе биде Бурханедин Салихи од Куманово.
#НапредТетекс 💙🤍
На денешниот вонреден состанок на Управниот Одбор на ФК Тетекс беше разгледена понудената оставка од страна на претседателот Војо Тофиловски и Стручниот штаб Славчо Георгиевски и Дејан Цветковски.
Сакаме да ја информираме јавноста дека понудената оставка на претседателот Војо Тофиловски е прифатена, а од друга страна НЕ за тренерскиот тим.
Управниот Одбор, како и сите кои на било каков начин се поврзани со клубот целосно ја даваат поддршката на тренерот Славчо Георгиевски и неговиот помошник Дејан Цветковски, а убедени сме дека резултатската мини криза ќе се надмине веќе во останатите натпревари од првенството.
Решението за назначување на овој тренерски тандем не е случајно и го сметаме за најважна алка во градењето на тимот сезонава.
Спортски поздрав,
ФК Тетекс 💙🤍
ФК Тетекс ја информира јавноста дека Војо Тофиловски поднесе оставка од местото претседател на Управниот одбор, како и тренерскиот тандем Славчо Георгиевски и Дејан Цветковски.
Во најбрз рок ќе биде оддржан состанок на УО на клубот.
За следните чекори, благовремено ќе бидете известени!
- Дополнително ве известуваме дека денеска му беше извршена хирушка интервенција на Тупан, се помина во најдобар ред, му посакуваме брзо опоравување!!!
Со почит,
ФК Тетекс 🟦⬜️
Фудбалскиот клуб Тетекс од името на целокупното раководство и стручниот штаб, Ви го честита големиот христијански празник Велигден.
Нека Христовото воскресение донесе радост во вашите домови, среќа, здравје, успех на вас и на вашите најблиски.
———————————————
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА,
НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!
ЧЕСТИТ ВЕЛИГДЕН ☦️
Денеска е посебен ден на нашиот фудбалер, Гордијан Христовски му е 19-ти роденден.
Нека те следат само убави моменти, а ние ти посакуваме здравје, среќа и многу успешни настапи во дресот на Тетекс.
••••••••••••••••••••••••••••
Среќен роденден Гого 🎉
Тетекс во сабота од 16 часот на домашен терен ја пречекува екипата на ФК Воска во рамките на 24-тото коло од Втора МФЛ - Запад.
Во првите два натпревари сезонава против Воска на домашен терен Тетекс ремизираше 1-1, додека на гостински терен бевме поразени со 2-0.
Не очекува квалитетна средба со доста борбена игра, нашите фудбалери се спремни да го дадат својот максимум како секој натпревар за боите на клубот.
Ги повикуваме сите фанови, симпатизери, Тетовчани да дојдат и да не поддржат бидејќи они се нашиот 12 играч.
————————————
#НапредТетекс 💙🤍