Се гледаме на нашата петта изведба во
@teatarkomedija 🌹
билети: https://online.teatarkomedija.mk/index.php?id=411
Ве очекуваме!
КОКОШКА
според Николај Кољада
Режија: Теодора Силјаноска Костимограф: Maрија Пупучевска
Соработник за сценски движења: Дарко Велиќ
Избор на сценографија и музика: Teoдора Силјаноска Дизајн на плакат: Михаил Велески
Фотографии:Луција Спасовска
Играат:
Биљана Драгиќевиќ-Пројковска
Ане Блажовски
Ванеса Тримчевска
Toме Станковски
Кристина Гиева —————————————————Независниот театарски проект е реализиран со поддршка од Министерството за култура и туризам, Прилепска пиварница, Bonanca Urban и Кораб Трница.
—————————
,,Кокошка’’се занимава со потребата за слобода, за копнежот и страста да се сака и да се сонува, дури и кога светот станува студен и апатичен.
Таа невпечатлива птица, сепак нѐ охрабрува да летаме.
Во пукнатините и преку анализа на извитоперените вредности, на моралната пакост, на лековерноста, на суетата, се раѓа светот на нашите ликови.
Налик на еден отворен креативен процес, актерите од малиот театар, преку импровизација, баналност, комедија на апсурд, создаваат сѐ во овој миг, пред наши очи на сцена.
Тоа е нивниот метод за справување со внатрешниот хаос. Како своевидни џезери, импровизатори, големи аматери, неприкосновени таленти или само обични луѓе, ликовите се борат со игра против непредвидливото, неподносливото, она што е тешко да се признае, против лажното..
Во срцето на нивната претстава е младоста, таа го буди заспаниот дух на љубовта и радоста. Таа е бесна глиста во утробаота на затворениот систем; немирна, искрена и гладна за промена. Таа се судира со навиките, рамнодушноста и стравот. Таа е кокошка!