🎬 ФАНТАЗИ (FANTASY) | 🇸🇮 🇲🇰 2025, 98’ | 🗓️ 21.5.2026 | 📍 Лабораториум | ⌛ 20:00 | **проекциите се бесплатни**
Вториот ден од филмската програма СЕМЕЈСТВО, НО ПОИНАКУ на #ППЖ14 е за „Фантази“ - дебитантскиот долгометражен филм на словенечката режисерка Кукла @kuklistan , кој низ суров, нежен и магично-реалистичен филмски јазик зборува за пријателството, идентитетот, желбата и потребата да се создаде сопствен простор на слобода.
Михрије, Сина и Јасна се најдобри пријателки во своите рани дваесетти години и живеат во Словенија. Нивниот нетипичен, машкуданест начин на живот и интереси често ги доведуваат во судир со семејството и конзервативната средина што ги опкружува. Светот комплетно им се менува кога ќе ја запознаат Фантази, транс жена која ќе ги поттикне да се соочат со сопствените желби и избори.
🎥 Сценарио и режија: Кукла
🎞️ Продукција: Децембер, Круг Филм
👥 Главни улоги: Сара ал Салех, Алина Јухарт, Миа Скрбинац, Мина Миловановиќ
✍️ Кукла е филмска режисерка и уметница од Словенија, препознатлива по својот автентичен визуелен стил и интересот за теми како идентитетот, родот и маргинализираните заедници. По студиите по филмска и телевизиска режија на Академијата за театар, радио, филм и телевизија во Љубљана, својата кариера ја насочува кон режија на музички спотови. Нејзиниот краток филм „Сестри“ во 2021 година ја доби главната награда на престижниот фестивал за краток филм во Клермон-Феран. „Фантази“ е нејзиниот прв долгометражен филм, кој ја имаше својата светска премиера на Филмскиот фестивал во Локарно и потоа освои бројни меѓународни признанија, меѓу кои и наградата „Срцето на Сараево“ за најдобра актерска екипа.
Програмата е поддржана во рамките на проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од Хартефакт фонд и од Equality Fund.
Додека сонцето се бори да излезе, мало потсетување за светлите идеи на нашите другарки и поддржувачки. Од 20:00 продолжуваме со краток, неформален разговор за читање, иницијативи, прекини, враќања и колективна меморија, со луѓе што на различни начини ја граделе приказната на #СподелиАвторка
Се гледаме во вторник 19.05.2026 во @lab.ratorium 💘🫂🌸
Ви благодариме за предоброто расположение и одличната атмосфера, што ја направија оваа забава онаква како што ја замисливме! Голема благодарност и до @lab.ratorium и @zipp.club што ја овозможија истата.
Се гледаме на следната!✨🫶
🎬 ДОКАЗ ЗА ЉУБОВ | (Des Preuves D’amour) 🇫🇷 2025, 97’ | 🗓️ 20.5.2026 | 📍 Лабораториум |⌛ 20:00
Во рамки на филмската програма СЕМЕЈСТВО, НО ПОИНАКУ на #ППЖ14, го прикажуваме дебитантскиот долгометражен филм на Алис Дуард „Доказ за љубов“ - нежна, интимна и политичка приказна за љубовта, родителството и потребата да се биде препознаен како семејство.
Селин го очекува своето прво дете. За три месеци, нејзината сопруга Надија ќе ја роди нивната ќерка. Соочена со очекувањата на семејството, пријателите и законот, Селин се бори да го пронајде своето место и да ја потврди својата улога и легитимност како родител и сопатник.
🎥 Режија: Алис Дуард
🎞️ Продукција: Апсара Филмс, Лес Филмс де Жун
👥 Главни улоги: Ела Румпф, Монија Шокри, Ноеми Лвовски
Пред проекцијата ќе се одржи разговор за можностите за правно препознавање и уредување на истополовите релации и отпочнување семејство во земјава.
✍️ Алис Дуар студира на Ла Фемис на отсекот за режија. Нејзиниот дипломски филм „Екстрасистол“ е селектиран на бројни фестивали. Потоа режира уште два кратки филма, „Девојките“ и „Плен Вест“, и истовремено работи како скриптерка. Во 2022 година ја основа продукциската куќа Лес Филмс де Жун заедно со Мари Боитар, и го режира филмот „Очекување“, кој во 2024 година ја добива наградата Сезар за најдобар краток игран филм. Истата година го режира и копродуцира својот прв долгометражен филм „Доказ за љубов“.
Програмата е поддржана во рамките на проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од Хартефакт фонд и од Equality Fund.
🎥 Филмска програма на #ППЖ14 | СЕМЕЈСТВО, НО ПОИНАКУ | 🗓️ 20 и 21 мај |📍 Лабораториум | ⌛ 20:00 ** проекциите се бесплатни **
Овогодинешната филмска програма на ПРВО ПА ЖЕНСКО #14 низ два авторски филма ги отвора прашањата за современото семејство, телото, идентитетот, припадноста и заедништвото, но не како однапред зададени категории, туку како простори што постојано се создаваат низ љубов, грижа, ранливост и отпор.
На 20 мај го прикажуваме „Доказ за љубов“ на Алис Дуар кој е интимен и политички филм за лезбејски пар кој се обидува да изгради семејство во систем исполнет со институционални ограничувања и општествени очекувања. На проекцијата ќе ѝ претходи разговор со Маја Атанасова и Душица Лазова за можностите за правно препознавање и уредување на истополовите релации и отпочнување семејство во земјава.
На 21 мај следува „Фантази“, дебитантскиот филм на словенечката режисерка Кукла — сурова, нежна и магично-реалистична приказна за три девојки кои низ пријателство, желба и бунт се обидуваат да создадат свој простор на слобода.
И во двата филма, музиката не е само позадина, туку јазик преку кој се гради светот на ликовите, затоа дојдете со широко отворени сетила и наострени уши.
✍️ Кураторка на програмата: Ивана Нацева @ivana_naceva *
*Прочитајте го целосниот кураторски текст на линкот во био 👆🏼
------
Програмата е поддржана во рамките на проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од Хартефакт фонд и Equality Fund.
🚨 📝 🌼 Работилница за препев на поезија со @rosydarkling во склоп на 5. роденден на #СподелиАвторка
📌 19.05 (вторник), 18:00 ч. во @lab.ratorium
„Поезијата не е луксуз”, вели Одри Лорд во истоимениот есеј. Поезијата е витална, ни дозволува да сонуваме, ги обликува нашата надеж и издржливост во можни решенија, им дава форма прво во јазикот, им го шири обемот, а потоа нѐ повикува да ги опипаме и живееме. Поезијата се осмелува да го (пре)именува безименото и да го насочи нашето делување.
На оваа работилница за препев на поезија, донесете ги песните што ве инспирираат и сакате да ги одомаќините, а во тоа ќе ви помогне нашата уредничка Душица. Препевите потоа ќе бидат објавени во рубриката „Песна на неделата”.
💌 За учество пријавете се на линкот во био/на стори.
___
📷 of @rosydarkling ’s hands: @fillbilll
🌸 „За нас почнува живот“ во Лаб!
Трагикомично патување низ душата, еден маж и една жена, заглавени помеѓу секојдневието, соништата и надежта за подобар живот, добиваат милиони на лото. Но… дали среќата навистина доаѓа така лесно?
Претстава што со хумор, тага и нежност зборува за љубовта, очекувањата и човекот кој секое утро го гледаме во огледало.
📍 Laboratorium
📅 18.05.2026
🕗 20:00
🎟 600 денари - билетите се достапни на @mktickets , линкот во био на профилот.
Режија: Дејан Пројковски
Текст: Ѓерѓ Шпиро
Музика: Горан Трајкоски
Играат: Биљана Драгиќевиќ-Пројковска и Нино Леви
🧪🌱 Малите истражувачи доаѓаат во Лаб!
Ги покануваме дечињата од 4 до 6 години на интерактивна работилница по природни науки низ игра, експерименти и забава ✨
Ќе учат за:
🔍 жива и нежива природа
🌱 растенијата и како растат
👂👃👀 петте сетила
Секое дете ќе:
✨ засади свое семе
✨ учествува во едукативни игри
✨ црта и истражува низ креативни активности
👩🏫 Работилницата ја води Јасмина Дичевиќ, дипломиран професор по биологија и наставник по природни науки и биологија.
📝 Пријавување преку порака
📍 Laboratorium
📅 17.05.2026
🕒 13:00
🎟️ 350 денари
👧 Ограничено на 20 деца
✨ На 15.05.2026 (петок), ФСС при АФС ве кани на претколоквиумска студентска журка!
За музиката ќе се погрижат DJ AYA и „surprise guest“… 🤫
Настанот е поддржан од @zipp.club , а за сите со ZIPP картичка следува попуст ⚡️
Се гледаме! 🪩
#СподелиАвторка | #Ndajmenenjëautore
Женското писмо, авторство и нивното ширење, растење и препознавање отсекогаш биле сржта на нашата иницијатива #СподелиАвторка, која годинава полни 5 години.
Неизмерно ни е драго што овие 5 години ќе ги прославиме заедно со вас на 19.05 (вторник), во Лабораториум, со почеток од 18 часот.
На овој роденден ќе собираме донации на книги, ќе зборуваме отворено и искрено за заедничарењето, за потребата од феминистичка мисла и за тоа зошто е важно да продолжиме да создаваме простор за женски гласови. Ќе имаме и работилница со @meduzaplatform , поетско читање организирано од @aleksandrina_vezilka и забава со @zanemarigo 💘🥹
Во овие 5 години, со над 5000 донирани книги, ја ширевме феминистичката и квир литературата низ повеќе од 20 јавни и независни библиотеки, младински центри, женското одделение во Идризово и други заеднички простори, доближувајќи ја до читателки и читатели. Во исто време, создававме простор за поддршка и видливост на авторки од различни позадини, на македонски, албански, босански, ромски и турски јазик.
#СподелиАвторка и понатаму останува простор за ширење, славење и поддршка на женското писмо.
Се гледаме на 19.05 во Лабораториум @lab.ratorium да прославиме заедно.
Дизајн: @cardula007
Постоење: ради сите вас 🫂🥹💘
Денес не организиравме само конференција — отворивме важна дискусија што предолго се одложуваше.
Конференцијата „Поддршка за ученици со специфични тешкотии во учењето: од предизвици до системски решенија“ покажа дека темата за дислексијата, АДХД, дискалкулијата и другите специфични тешкотии во учењето повеќе не смее да остане на маргините.
Заедно со експерти, институции, наставници, родители и професионалци зборувавме за реалните проблеми, но уште поважно — за конкретните решенија.
@dysacademy_project не е само Erasmus+ проект.
Тоа е чекор кон системска промена.
Благодарност до сите што беа дел од овој значаен настан и придонесоа оваа тема да добие глас што заслужува.
Ова не е крај.
Ова е почеток.
#DysAcademy #InclusiveEducation #ErasmusPlus #Dyslexia #LearningDifficulties