Home flu_skPosts

Faculty Of Fine Arts - Skopje

@flu_sk

Факултет за ликовни уметности – Скопје Активности посветени на студентите и уметноста
Followers
1,853
Following
677
Account Insight
Score
27.95%
Index
Health Rate
%
Users Ratio
3:1
Weeks posts
Оглас за модели за АКТ на ФЛУ 📣✏️🎨 🔸️️Заради потребите на наставата, Факултетот за ликовни уметности има потреба од ангажирање на машки и женски модели за АКТ. 🔸️Работниот ангажман на моделот е димензиониран на 20-24 часа (45мин/час) неделно. 🔸️Ги покануваме сите заинтересирaни да нѐ контактираат и ни се придружат во динамичната атмосфера на ФЛУ. ☎️ Контакт телефон: 078454105 🕑 (9-15часот)
178 0
2 years ago
ОТВОРЕН ДЕН на ФЛУ Се гледаме на 4 декември! 🌞 __________ Почитувани средношколци, драги матуранти, наши идни студенти! Ве покануваме на ОТВОРЕНИОТ ДЕН на Факултетот за ликовни уметности, Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје, на 4 декември 2023 во периодот од 10-12 часот и 12-14 часот (Објект Педагошки факултет, Галерија ФЛУ) 🔸️ Одлична можност да се запознаете со актуелните студиски програми на Факултетот, активностите на студентите, нашите ателјеа, работилници, лаборатории и опрема. 🔸️Запознајте ги одблиску и професорите и студентите, прашајте нè сè што ве интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, слушнете ги искуствата на студентите, нивните активности во рамки на ФСС при ФЛУ и вклученоста во научно- истражувачките и уметнички проекти, студентските изложби и летната школа, дознајте за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, соработката со други факултети и институции, за практичната работа, кариерните можности... Добредојдени сте на Факултетот за ликовни уметности, дружете се со идните визуелни уметници, носителите на ликовната сцена во земјава и пошироко . Студирајте на Факултетот за ликовни уметности, високообразовна институција со најдолга традиција во нашата земја, основан во 1980 година! Учете од најдобрите, студирајте на Факултетот за ликовни уметности, Универзитет ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје! Се гледаме на 4 декември!!! 🎥: @denis_jagdzi
143 2
2 years ago
“Под слоевите на минатото не се кријат само предмети, таму лежат и приказни” 🏺 На 11ти Мај се одржи оваа изложба на Факултетот за ликовни уметности, објект Педагошки факултет. Соработката со друштвото на археолози и историчари на уметност „Аксиос“ е една која вреди да се негува и продолжи понатаму! На вечерната изложба беа изложени дела во различни медиуми согласно темата, а атмосферата беше екстра пријатна ;^)
83 0
1 day ago
📢 Предавање на Кен Фридман 📍Предавална на ФЛУ 📅Утре 12.05.2026 🕛 12 часот По повод изложбата со наслов "92 настани + 1" во Музеј на современа уметност- Скопје утре Кен Фридман ќе одржи предавање на Факултетот за ликовни уметности - објект Педагошка. Кен Фридман е еден од најзначајните современи уметници, теоретичари и членови на легендарното неоавангардно движење Флуксус, кое остави силно влијание врз современата уметност перформансот и концептуалните практики. Во текот на својата повеќедецениска кариера соработувал и творел заедно со имиња како Јоко Оно, Џон Кејџ, Нам Џун Пајк, Јозеф Бојс и Џорџ Мекјунас. Се гледаме!
18 0
6 days ago
🎨Во среда (13 мај) на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ во Скопје, во објектот Сули ан, ќе гостува македонската визуелна уметница Виолета Чаповска. Чаповска е истакната уметничка, која живее и работи во Мелбурн, Австралија. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности (оддел графика) при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”-Скопје, во 1991 година, а магистрирала на Кралскиот институт за технологија-Мелбурн, во 1995 година. Таа работи со графика, перформанс, видео, текстил, фотографија и сајт специфична уметност. Има реализирано голем број на самостојни и групни изложби, а нејзините дела се вклучени во бројни приватни и државни колекции. Таа ќе одржи предавање за своето творештво, низ кое ќе ги претстави своите истражувања и практики во областа на графиката, инсталацијата, видео уметноста и site-specific перформансот. 📍 Цртална, Сули ан 🗓 Среда, 13 мај 🕥 10:30 часот Добредојдени се сите љубители на современата визуелна уметност. 🔗 Повеќе за уметницата: /
46 0
9 days ago
Фотографии од отворањето на 39. изложба на студентска графика „Драгутин Аврамовски-Гуте“, која се отвори на 5 мај во истоимената галерија во објектот Сули ан, ФЛУ. 🔸️ Награди и пофалници за најуспешни графички дела беа доделени на следните студенти: 1 награда - Стефанија Цветановска (III година); 2 награда - Огнен Марковиќ (III година); 3 награда - Марија Костадиновска (III година). Пофалници: Дорис Геракар (I година); Софија Кутаноска (II година) и Андријана Чокова (IV година). 🔸️ Изложбата е во организација на Катедрата за графика и трансмедиумски практики, а се реализира со поддршка од Фондацијата „Драгутин Аврамовски-Гуте“ и Групацијата Смарт Ливинг. Упатуваме искрени честитки до сите учесници и изразуваме благодарност до бројните посетители кои придонесоа за пријатната атмосфера на отворањето. ✨️
173 1
11 days ago
Фотографии од отворањето на 39. изложба на студентска графика „Драгутин Аврамовски-Гуте“, која се отвори на 5 мај во истоимената галерија во објектот Сули ан, ФЛУ. 🔸️ Награди и пофалници за најуспешни графички дела беа доделени на следните студенти: 1 награда - Стефанија Цветановска (III година); 2 награда - Огнен Марковиќ (III година); 3 награда - Марија Костадиновска (III година). Пофалници: Дорис Геракар (I година); Софија Кутаноска (II година) и Андријана Чокова (IV година). 🔸️ Изложбата е во организација на Катедрата за графика и трансмедиумски практики, а се реализира со поддршка од Фондацијата „Драгутин Аврамовски-Гуте“ и Групацијата Смарт Ливинг. Упатуваме искрени честитки до сите учесници и изразуваме благодарност до бројните посетители кои придонесоа за пријатната атмосфера на отворањето. ✨️
112 0
11 days ago
Факултетското студентско собрание при Факултет за ликовни уметности – Скопје, во соработка со ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ и Ротари клуб, успешно реализираше инспиративна ликовна работилница со лица со посебни потреби. Преку боја, форма и слободен израз, учесниците создадоа уникатни дела на платно, полни со емоција, искреност и лични приказни. Работилницата беше простор на креативност, дружење и взаемна поддршка, каде уметноста стана средство за поврзување и разбирање. Создадените дела ќе бидат дел од претстојна аукција, а сите собрани средства ќе бидат наменети за хуманитарни цели. Ги покануваме сите љубители на уметноста и хуманоста да ја поддржат оваа иницијатива и да станат дел од една убава приказна што продолжува да живее преку уметноста.
121 0
12 days ago
🔸️ 39. ИЗЛОЖБА - СТУДЕНТСКА ГРАФИКА – ДРАГУТИН АВРАМОВСКИ-ГУТЕ, ФАКУЛТЕТ ЗА ЛИКОВНИ УМЕТНОСТИ – СКОПЈЕ академска 2025/26 📌 5 мај 2026, 19:30 часот Галерија „Драгутин Аврамовски-Гуте“, Факултет за ликовни уметности, објект Сули ан (Стара скопска чаршија). 🔸️ Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Катедрата за графика и трансмедиумски практики и Фондацијата „Драгутин Аврамовски-Гуте“ по 39 пат ја организираат изложбата СТУДЕНТСКА ГРАФИКА – ДРАГУТИН АВРАМОВСКИ - ГУТЕ. Изложбата ќе биде отворена на 5 мај, вторник, во 19:30 часот, во Галерија „Драгутин Аврамовски-Гуте“, Факултет за ликовни уметности, објект Сули ан (Стара скопска чаршија). На отворањето на изложбата ќе биде доделена наградата за најуспешно графичко дело реализирано во академската 2025/26 година. Учество земаат студенти од сите студиски години од прв и втор циклус на студии на Катедрата за графика и трансмедиумски практики. Традиционално, наградата за најдобро изведено графичко дело во академската 2025/2026 година подразбира доделување на диплома и еднократна парична награда од семејната Фондација „Драгутин Аврамовски - Гуте“, како диплома и можност за самостојно претставување во текот на следната академска година во галериите на ФЛУ. Организацијата на изложбата е во реализација на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Фондацијата „Драгутин Аврамовски – Гуте“ ја доделува истоимената награда од 1988 година, кога за прв пат постхумно е доделена, во чест на нашиот професор и колега, еден од основачите на Катедрата за графика. Оваа година изложбата се реализира под покровителство на Групација Смарт Ливинг.
127 1
18 days ago
Проектот „Креативна азбука“ се реализираше како соработка меѓу Факултетот за ликовни уметности и Филозофскиот факултет во Скопје, во текот на 2025–2026 година, во рамките на програмата ИКСССА на УКИМ. Тргнувајќи од буквата како носител на културен код, студентите ја трансформираа графемата во автономна ликовна форма. Преку техниката линорез, овој процес создаде простор каде визуелното, симболичкото и личното сеќавање се вкрстуваат, а проектот прерасна во педагошка и уметничка платформа што поттикнува експеримент и авторска артикулација.
36 1
20 days ago
Денес од Лабораторијата за уметничка технологија, конзервација и реставрација на уметнички дела - CARE Lab при Факултетот за ликовни уметности во Скопје, по завршениот конзерваторско-реставраторски третман, на нивните сопственици им беа вратени две дела: „Оаза на моите сни“ (1976) од Вангел Наумовски и „Пејзаж“ (1932-1940) од Методија Лепавцов - Лемето. Третманите беа реализирани во рамки на наставата по предметите „Заштита и реставрација 1 и 2“, со активно учество на студентите и под менторство на доц. м-р Марија Сотировска Богдановска. Преку овој процес, студентите учествуваа во конзерваторско-реставраторски постапки на уметнички дела, од документација и анализа на затечената состојба, до стабилизација, чистење, ретуш и финална презентација.
65 0
1 month ago
IN MEMORIAM Родољуб Анастасов (1935 - 2026) Со длабока тага ја споделуваме веста дека на 91-годишна возраст почина доајенот на современото македонско сликарство, професор Родољуб Анастасов, еден од првите претставници на енформелот во македонската ликовна уметност. Родољуб Анастасов е роден на 25-ти февруари 1935 година во Скопје, завршил Училиште за применета уметност во Скопје во 1954 година, во 1955 станува вонреден студент на Вишата педагошка школа во Скопје – ликовен отсек а во 1962 година дипломирал на Академијата за ликовна уметност во Белград. Бил член на меѓународната група “Јуниј”. Добитник е на бројни награди и признанија. За неговото богато творешетво издадени се неколку монографии и каталози. Во 2009 год Американскиот биографски институт го вброи меѓу 500 најголеми генијалци во светот. Анастасов е еден од ретките уметници кој целокупното свое творештво создадено во период помеѓу 1957 и 2010 год. го донираше на Македонија во галеријата "Јустина и Родољуб Анастасов" во Музеј на град Скопје. Ни беше чест и горди сме што беше професор на катедрата по сликарство на нашиот Факултет. Светол Ви пат и вечен спомен, професоре!
78 0
1 month ago