Драги наши, во петок од 21:30 часот, ве каниме на аудио визуелно патување :
L.O.V.D во живо + FADE визуелен перформанс + DIAH музичка селекција.
L.O.V.D е псевдонимот на Љубен Дерибан, музичар и продуцент од Скопје, кој што настапува со live електронска музика. Неговиот музички акт имплементира повеќе жанрови како electro, synth, breakbeat, house, gtech. Инспириран од различните состојби во своето опкружување и својата перцепција за истите, го креира својот прв live проект именуван „Parallel Pasts“, кој за прв пат го изведува во Амок Радио во октомври, 2022-та година.
Во април 2023 година настапи со нов live проект на култното белгиско радио Киоск во Брисел, а на крајот на годината го издаде својот прв сингл „Floor 9”.
ВЛЕЗ: донација (поддршка за што почесто организирање на вакви мултимедијални перформанси на млади независни уметници)