Прва година учество - добиена награда во двете категории во кои бевме номинирани! 🙌🎉
⭐️ Најдобар експо настан
⭐️ Најдобар настан за бренд активација
Вчерашната вечер на @beam.festival не можеше да помине подобро, чувството со кое заминавме, но кое нѐ држи и денес е огромна возбуда, гордост и задоволство.
Овие признанија се со уште поголема симболика бидејќи ги добиваме годинава, кога Дивисион слави 25 години постоење.
Огромно браво и благодарност до тимот на БЕАМ Фестивал за целата идеја, иницијатива и реализација, како на вчерашното издание, така и за сѐ што имаат постигнато досега.
Оваа награда е наша, колку и на нашите драги @dm_makedonija , без чија доверба немаше да имаме можност да бидеме дел од оваа посебна приказна. Нѐ радува што низ целиот процес и сите предизвици никогаш не изостана прекрасната соработка и комуникација, што го прави целото искуство уште подрагоцено. 💚
Shout out и до целиот Дивисион тим, бидејќи со овој проект покажавме уште еднаш дека, кога се работи посветено, со љубов и голема енергија, може да постигнеме сѐ што ќе замислиме. To many more and may the birthday year begin! 🥂
*photo credits: Стефан Рајхл
Со огромна гордост споделуваме дека Division е номиниран во две категории на @beam.festival 🥳
-Најдобар настан за бренд активација
-Најдобар експо (саем) настан
Ова признание е резултат на тимска посветеност, креативност без граници и доверба што мотивира.
Голема благодарност до @dm_makedonija за довербата и за можноста заедно да стоиме зад проекти што ја оживуваат бренд приказната на најавтентичен начин.
Се гледаме на 05.03! 🙌
Имаш желба за работа во динамична и креативна средина, секојдневна комуникација со клиенти, но и водење и организирање на различни маркетинг активности?
Ако се пронаоѓаш во ова и би сакал/а да ја следиш и развиваш твојата пасија за маркетинг во маркетинг агенција, тогаш веројатно овој оглас е токму за тебе 😃
Погледни го огласот на мејлот во био и испрати ни го твоето CV на наведениот мејл. Те очекуваме ☺️
Тимот на Division ви посакува среќна Нова и среќни празници! 🫶🏻
Во годината што измина највредни беа убавите траги што ги оставивме едни кај други, во сите заеднички проекти, моменти, средби.
Затоа, и оваа нова 2026 нека за сите нас биде година на автентичност, нови креативни поглавја и убавина што ќе ја создаваме заедно. ✨
Годината и овој наш циклус ги завршуваме happy, баш како што доликува, со нашиот најсладок проект за годинава, Happy Smarties. Чоколадното дуо што веќе ни стана омилено за споделување со најблиските и што совршено се вклопува во празничниот ритам.
Кога Витаминка ни ја довери веста за овој нов спој, Happy x Smarties, знаевме дека пред нас имаме задача која се работи со конкретен маркетинг план, многу љубов и радост.
Нашиот креативен процес започна со прашањето како на најдобар начин да се спојат овие две легендарни имиња во една визуелна приказна. Од тизер фазата, која ја подгреа љубопитноста, па сѐ до лансирањето на целосната кампања, нашиот тим се погрижи секој сегмент да биде беспрекорен.
Почнавме од идејата и визуелната приказна, па полека ја градевме комуникацијата со која го лансиравме новиот производ. Се работеше на креативен концепт за интегрирана кампања, слоган, амбалажа, радио, анимации и дигитални содржини, сè во истиот разигран манир.
Горди сме што стоиме зад целиот процес и што токму со ваков проект ја испраќаме годината. Со насмевка го заокружуваме ова поглавје и со истата енергија продолжуваме понатаму, во новата 2026!
Заедно со клиентот @sarafashionofficial традиционално ги дочекуваме празниците на најдобар начин и ја испраќаме годината со креативен концепт за кампања за новите празнични и новогодишни колекции.
И оваа година проектот опфати дефинирање на креативната насока и концептуалната рамка за реализација на фото и видео сесија и продукција, како и финална постпродукциска обработка на кампањата. Брендот кој е синоним за удобност во текот на целата година, за овие празници е и синоним за вистинска семејна радост.
Токму затоа фокусот беше на создавање јасен и препознатлив визуелен идентитет што ќе ја пренесе празничната атмосфера на едноставен и автентичен начин ќе ја прикаже примамливата колекција наменета за целото семејство.
Преку внимателно избрана палета на бои, во пријатен амбиент и преку соодветни реквизити и пози, создадовме визуелен пристап кој ја следи филозофијата на нашиот клиент Сара Фешн, а тоа е квалитетот, комфор и функционалноста.
Таа доследност е причината зошто секоја соработка ја гледаме како можност за понатамошен развој и заеднично унапредување во работата.
Горди сме на процесот, на партнерството и на финалниот резултат, и со ентузијазам го очекуваме сè она што допрва ќе го реализираме заедно и во новата година.
@vitaminka.mk по којзнае кој пат ни донесе нешто ново и вкусно што веднаш го засакавме.
Годинава, еден од тие производи беше линијата Fit In, здравите колачиња. Нашата улога беше да ја обликуваме таа приказна во визуелно примамлива амбалажа и да ѝ дадеме изглед што ќе ја издвои на полиците и ќе стигне до сите кои сакаат нешто вкусно, брзо и здраво.
Затоа, пристапивме внимателно и со многу љубов, за да добиеме јасен идентитет и препознатлив
визуелен карактер.
Процесот започна со запознавање на самиот производ, неговата намена и ритамот во кој се вклопува. Линијата опфаќа седум различни вкусови, секој со свој карактер. Тоа значеше и дизајнирање на седум кутии за секој од вкусовите. Преку бои, форми и внимателно одбрани детали, секоја амбалажа ја раскажува сопствената приказна, а заедно создаваат модерна, јасна и лесно препознатлива целина. Избравме чист, современ и функционален дизајн кој привлекува, но и природно ја надополнува самата суштина на производот и неговиот состав.
Горди сме што стоиме зад визуелниот идентитет на новата Fit In линија и благодарни сме на Витаминка за довербата и за оваа нова слатка опсесија, која ја обожаваме!
Што сѐ може да се случи во кампања од 7 дена?!- Ова прашање есенва успешно си го одговоривме заедно со нашиот ценет клиент @toyotamacedonia .
Со јасна цел, стратегија и внимателно планирана креативна насока, „Неделата на Toyota“, која годинава се одржа од 13 до 19 октомври, прерасна во динамична кампања, насочена кон промоција на нови и користени возила во новиот Тоyota салон.
Иако самата кампања траеше една недела, подготовките започнаа нешто порано, со разработка на креирањето силна и доследна комуникација што ќе допре до сите љубители на автомобилите и ќе ја поддржи промотивната акција уште посилно.
Преку интегриран пристап што опфати радио, билборди, дигитална кампања, како и брендинг на Corolla Sedan, создадовме единствено и усогласено присуство на сите комуникациски канали.
Секој елемент беше внимателно осмислен за еднонеделниот проект да функционира како целосно бренд-искуство и да го достигне својот пик.
Овој проект ни потврди дека со јасна визија и добра соработка и ваквите фокусираните кампањи можат да остварат голем успех.
Благодарни сме на @toyotamacedonia за партнерството и можноста заедно да реализираме ефикасна, динамична и релевантна комуникација.
Еј, ај да бидеме реални…колку голем креативен предизвик беше креирањето на нашата прва AI генерирана реклама за нашиот клиент @neotel_mkd . Еден од проектите што дефинитивно ја одбележа годината беше оваа интегрирана кампања, која комбинираше ТВ, радио, дигитална комуникација и секако дополнителни промотивни материјали и брендинг.
Неотел како и секогаш беа отворени и спремни за нова авантура, што годинава значеше прва за нив и нас AI генерирана кампања. Ново искуство за двете страни, што значеше истражување, адаптирање на креативниот процес, и дефинитивно забава за целиот тим. Не само што AI нè предизвика нас, туку и ние го предизвикавме AI со нашите промптови и многу обиди за успешен краен резултат и одлична интегрирана кампања.
Преку хумористичен и едноставен пристап, целиот проект носеше јасна, привлечна и запаметлива порака, блиска до широката публика. Процесот од нас бараше детална работа поделена во неколку фази; како што беше режисерскиот третман и креирање на AI-генерираните ликови, анимацијата и монтажата. Нашиот тим преку неуморна работа, успеа да ги постигне посакуваните резултати, a доследната и ефективна комуникација, донесе надминување на таргетот за дури 45%.
Кога стратегијата и креативноста се комбинирани со спремност за користење на нови технологии, а клиентот ја дава најдобрата подлога - довербата, тогаш, може да се создаде нешто навистина иновативно и посебно. Благодариме @neotel_mkd за партнерството и можноста заедно да реализираме нови, смели и ефективни проекти.
Токму пред претстојните новогодишни здравици се навраќаме и на сите убави соработки и моменти заедно со нашиот клиент Тиквеш. Еден од нив беше креирањето на дигиталната кампања за нивниот нов производ, Бела ракија.
Процесот започна со внимателно креирање на концептот за фото и видео материјалите преку детални moodboard-и, внимателен избор на локации и осмислување на секој визуелен момент. Важен беше секој детал, од светлината и специфичните кадри до атмосферата, за да се создаде автентично дигитално доживување.
Сакавме Белата ракија да зборува сама за себе преку минимализмот и модерната естетика, па така кампањата се разви како визуелен наратив кој е ненаметлив, а сепак исклучително со карактер, прилагодлив за својата избрана публика.
Горди сме на крајниот резултат, на целиот креативен процес и на соработката со @tikveswinery , на кои им благодариме за довербата и креативната слобода. Ваквите проекти се вистинската причина зошто го сакаме она што го работиме, кога традицијата и урбаниот израз се сретнуваат на вистински начин.