Буква / Bookva

@bookva.mk

Bookva is a bookbar and culture centre in the heart of Skopje, where community, character, and all walks of art come together under three birches.
Followers
5,296
Following
227
Account Insight
Score
32.09%
Index
Health Rate
%
Users Ratio
23:1
Weeks posts
Чао, чао, Луј Пастер 3А 🖤 Драги букваши, случајни минувачи, пивопијачи, чудаци и сите што ја чувствувате „Буква“ како дом, ве известуваме дека една епизода од нашата кафе-книжарница „Буква“ завршува со крајот на оваа година. Го напуштаме нашиот прв дом под трите брези и во потрага сме по ново место што ќе ја згрижи оваа луда приказна. Не знаеме кога, не знаеме како и не знаеме дали, но приказната тука прави еден пресек, една пауза за оддишка, за одмор и за размислување до каде сме и на што сме. Тука би ви се заблагодариле за сите дружби и танци, за сите песни и музицирања, за сите искршени чаши и испиени флаши, за сите промоции, концерти, изложби, за сѐ што ја изгради оваа „Буква“ ваква каква што е! Овие две недели се пакуваме, но и продолжуваме со програмата. Вие може да ни дојдете на пијачка, да се видиме и да си кажеме чао... засега! Завршуваме чудно и бучно, а како, ќе најавиме наскоро! Поздрав другари и другарки, се гледаме 🖤
428 26
5 months ago
::: KORKA @ BUKVA 05.2026
63 0
17 hours ago
📷 Видео и фото импресии од Промо концерт #1: Shingo Masuda | Андреа Мирческа | Дарио Циевски ...во пресрет на главниот настан: 🎯 Yordan Kostov Resonant Earth: Collective Ritual (Skopje I) 📅 11 мај | 20:00 📌 Сули Ан
82 0
7 days ago
Драги пријатели и сè сродно на тоа, На 21 мај, четврток, ќе свириме стари и нови авторски песни од албумот „Голи Песни“ (Sharla 2023), синглот „Еден ден“ (Sharla, 2025) и EP-то „Demos late spring 2024“ (Thanatosis, 2026) на Хана Корнети (вокал, укулеле) во нов состав и во нови заеднички аранжмани, со Никола Коларовски (клавијатура), Филип Методиев (гитара) и Нино Спировски (саксофон/кларинет). Исто така ќе имаме исклучителни гости за вокални придружби на две песни, Ивона Митревска и Марија Коцевска Станоевска-Џога (ајде прочитај го цело име и презиме во еден здив да те видам!). A постерот ни го направи неповторливата Александра Софрониеска.🪻 Ние сме возбудени за овој нов проект и едвај чекаме да го споделиме со вас - како нешто ново а и старо, трубадурско а и немо, мозаично а и соединето, но пред сè, искрено. И малку фактуелност - во пресрет на Националниот ден на Власите ќе ја изведеме омилената песна на баба ѝ на Хана. Ама нека не ве плаши влашкото, нема да се штедиме. Датум: 21. 05. 2026 Време: 21 часот Место: Буква (Рузвелтова 5а) Влез: 250 МКД Ве очекуваме!
84 0
8 days ago
Програмата „Критичко читање низ филмови“ повторно се враќа на КРИК – фестивал за критичка култура, на 12, 13 и 14 мај, во просториите на Буква. Поставена во рамки на пошироката тема на фестивалот, „Грижа: начини да се биде заедно“, ја промислува грижата не како сентимент, туку како општествена, политичка и етичка практика. Програма: 12.05.2026| 19:00 часот Со Хасан во Газа, 106 мин. Повторно откриените снимки од 2001 година на еден режисер го доловуваат патувањето низ Газа, предводено од Хасан, додека се бара стар затворски другар. Касетите откриваат интимни моменти од палестинскиот живот во еден клучен период. Кинематографскиот одраз на сеќавањето, загубата и текот на времето, ја доловува Газа од минатото и живот што можеби никогаш повеќе нема да постои. 13.05.2026| 19:00 часот Fiume o Morte!, 112 мин. Граѓаните на Риека, која Италијанците ја нарекуваат Фиуме, ја прераскажуваат, реконструираат и реинтерпретираат бизарната приказна за 16-месечната окупација на нивниот град во 1919 година од страна на италијанскиот поет, денди и проповедник на војната, Габриеле Д'Анунцио. 14.05.2026| 19:00 часот Магелан, 160 мин. 16 век. Магелан, млад и амбициозен португалски морепловец, се бунтува против моќта на кралот кој не го поддржува неговиот сон за откривање на светот. Тој ја убедува шпанската круна да ја финансира неговата смела експедиција до легендарните земји на Истокот. Патувањето е исцрпувачко над очекувањата, а гладот ​​и бунтот го туркаат екипажот до нивните граници. По пристигнувањето на островите на Малајскиот архипелаг, Магелан станува опседнат со освојување и христијанизација, што резултира со насилни бунтови. Ова не е мит за Магелан, туку вистината за неговото патување. KРИК - фестивал за критичка култура е поддржан во рамки на проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од Хартефакт Фонд. Содржината/изразените мислења никогаш не може да се толкуваат како ставови на Владата на Швајцарија и Хартефакт Фонд. KРИК - фестивал за критичка култура е поддржан од ПроПис Севена Македонија, Фридрих Еберт Штифтунг Скопје, Гете Институт, Министерство за култура и туризам и European Fund for the Balkans.
72 2
13 days ago
✨🧡 Промоција на стохозбирката „НИШТО НОВО ПОД СУКЊАТА НА СОВРЕМЕНОСТА“, избор песни од црногорските авторки Марија Вујошевиќ и Барбара Делаќ 9.5.2026 (сабота) | 19:00 | @bookva.mk 🐟 Настанот се случува во рамки на 6. издание на @skopje.poetry.festival Препев од црногорски на македонски јазик Марија Велинова и Андреј Медиќ Лазаревски ✨„Ништо ново под сукњата на современоста“ е заеднички избор песни од современите црногорски поетеси Марија Вујошевиќ и Барбара Делаќ. Насловот на овој заеднички избор ги отсликува поетиките на авторките што во голема мера се доближуваат и допираат една со друга и на стилско и на тематско ниво. Вујошевиќ и Делаќ гласно, храбро, феминистички и автопоетички реферираат и го прекршуваат патријархалното опкружување пишувајќи за сопствените претходнички, но и љубови, за своите внатрешни борби, но и за секојдневните сопки. Авторките успешно успеваат да допрат, да ги анализираат и искритикуваат мачните теми со кои нашето секојдневие е исполнето и кои, и покрај сите обиди за нивно менување, сѐ уште цврсто опстојуваат под облеката на ова време. #ослободијамладинскатакултура
76 0
13 days ago
* Буква во Вудсток оваа недела работи само за настаните 5 мај, вторник, 21:00 Џез за чудаци 25 Максимилијан Сарајлија - модуларни синтови: разно Дарио Циевски - тапани 8 мај, петок, 21:00 Концерт Shingo Masuda (Јапонија) - канун Андреа Мирческа - контрабас Дарио Циевски- тапани 9 мај, сабота, 1900 Скопски поетски фестивал, последна вечер ⤿ 19:00 >> Промоција на „Ништо ново под сукњата на современоста“, избор песни од Барбара Делаќ (Црна Гора) и Марија Вујошевиќ (Црна Гора), издание на „Култура Бета“, Скопје. Промоторки: Марија Велинова и Андреј Медиќ Лазаревски. ⤿ 20:00 >> Промоција на стихозбирката „Тускулум“ Денис Шкофич (Словенија) во препев од словенечки на Драгана Евтимова, издание на „ПНВ Публикации“. Промотор и модератор: Јулијана Величковска ⤿ 21:00 >> THE VERSE CITY/DIVERSITY („Диверсити“) Ќе читаат: Кристина Шпиранец (Хрватска),  Гонџа Озмен (Турција), Хајри Хамадан (Бугарија/Палестина), Јоргос Писанис (Грција), Хелена Земљич (Словенија), Дијана Петкова, Светла Јакшиќ, Емељ Туна, Стефан Костовски, Ана Пејчинова, Дејан Трајкоски, Александра Јуруковска, Тони Попов, Андреј Медиќ Лазаревски, Марија Ангеловска и Ана Тодоровска (Македонија). Водители: Викторија Ангеловска и Марија Велинова.
62 0
14 days ago
🌀 Промо концерт #1 Shingo Masuda | Андреа Мирческа | Дарио Циевски 🔔 Пролог кон Yordan Kostov Resonant Earth: Collective Ritual (Skopje I) 📍 Буква 📅 8 мај | 21:00 🎟️ Препорачана донација: 200 денари Во пресрет на Resonant Earth 🌍 — првиот звучен импулс. Овој концерт не е класична промоција, туку пролог: простор во кој музиката се развива низ интеракција, активно слушање и отворена форма. Мал состав. Голема внимателност кон деталот. Звук што се гради во моментот. 🌀 Shingo Masuda — канун 🇯🇵 Андреа Мирческа — контрабас 🇲🇰 Дарио Циевски — тапани 🇲🇰 Shingo Masuda — композитор и импровизатор кој живее во Берлин, чиј звук се движи помеѓу ориенталните модални системи и современата импровизација. Неговиот музички јазик се обликува низ патувања и студии во Египет, Турција, Тунис и Грција — спојувајќи традиција и експеримент во жив звучен контекст. Во дијалог со него, Мирческа и Циевски носат чувствителен и отворен пристап кон импровизацијата — звук како ритмичка вибрација, како процес, како дијалог. 📡 Ова е местото каде сè ќе започне. Она што ќе се појави тука — во камерна форма — ќе се разотвори понатаму како дел од колективниот звучен ритуал. 🌍🔔 🎶 Биди дел од почетокот 📡 Слушни го првиот импулс #ResonantEarth #CollectiveRitual #LiveMusic #Improvisation #Skopje #ExperimentalMusic
26 0
15 days ago
Промоција на стихозбирката „Тускулум“ од Денис Шкофич (Словенија) Промоцијата на стихозбирката „Тускулум“ Денис Шкофич (Словенија) во препев од словенечки на Драгана Евтимова, издание на „ПНВ Публикации“, ќе се одржи в сабота, 9 мај, од 20:00 часот во „Буква“ во рамки на 6. Скопски поетски фестивал. Книгата низ разговор со авторот ќе ја претстави Јулијана Величковска. Денис Шкофич са стихозбирката „Тускулум“ ги освои Цанкаревата и Вероникината награда, во 2024 г. Изданието беше поддржано од Јавната агенција за книга на Република Словенија, а гостувањето на авторот на СПФ е поддржано од ТРАДУКИ. ‒ „Тускулум“ на Денис Шкофич е далеку од идејата дека ќе ни разбуди чувство на домашна удобност и сигурно засолниште – напротив, со секоја прочитана песна нè исфрла во светот на дивнината, каде што владеат првобитниот страв и болката. Иако поетот вели дека би сакал да биде нем за чувствувањето болка – толку нем, што би морал „да ја учи како странски јазик“ – со секој стих ние ѝ се приближуваме на таа отворена рана. Во неа го гледаме „домашниот“ панонски свет на еден сосема поинаков начин ‒ Миша Гамс. Денис Шкофич (1985) е поет, прозаист и книжевен критичар. Автор е на три стихозбирки: „Шетач на птици“ (Белетрина, 2013) – номинирана за Јенковата награда и за наградата „Критичко сито“; „Посегнување“ (Цанкарјева заложба, 2017) – повторно номинирана за Јенковата награда; и „Тускулум“ (Цанкарјева заложба, 2023), за која во 2024 година, покрај новата номинација за Јенковата награда, ги доби и Цанкаревата награда за најдобро оригинално литературно дело од претходната година, како и Вероникината награда за најдобра поетска книга на годината. Негови раскази се застапени во изборот „Врани, чкртаници и конфети“ (Литера, 2017), како и во антологијата „Педесет избрани куси раскази од автори родени по 1980 година“ (Дијалоги, 2019). Во 2019 година ја освои наградата на Поетскиот турнир и со тоа се стекна со титулата „витез на поезијата“. Неговата стихозбирка „Посегнување“ беше препеана на грчки и објавена во 2021 г. од „Трака“, Лариса. Неговите песни се преведени на: англиски, унгарски, хрватски, македонски, чешки, германски, словачки и грчки јазик.
69 0
16 days ago
5 мај, вторник, 21:00 Џез за чудаци 25 Максимилијан Сарајлија - модуларни синтови: разно Дарио Циевски - тапани Музика за тие што пред влез оставаат храна за локалните мачки и тргнуваат во темелна потрага после секое известување за загубено милениче што ќе го забележат залепено на бандера или на поштенско сандаче; се однесуваат како побеснети ракуни секогаш кога ќе чујат милозвучна, логична и школски функционална хармонија и доволно добро ја познаваат етимологијата на терминот 𝙅𝙖𝙯𝙯 за да бидат ужаснати од помислата за институционализиран ејакулат; не поседуваат условен рефлекс кој ги тера да се лигават кога ќе го чујат ѕвончето од министерство за култура и највкусно им е кога теглите зимница во подрум ги обвиткуваат со страниците од популарните книги за самопомош; идеалниот психо-физички баланс го постигнуваат преку умешноста за носење на папуча на боса нога и омилена активност за разбибрига им е да го замислуваат Аца Лукас како врвен концертен пијанист; никогаш со светлата не им сигнализираат на возачите во спротивниот правец дека зад кривината чека полициско возило и секогаш, ама баш секогаш, во маркет ја враќаат кошничката на место за да може да ја користи некој друг...
53 0
17 days ago
Европската турнеја официјално ја започнуваме на 15. мај во новата @bookva.mk 🖤 Заедно со нас ќе свират одличните @korkakorkakorka од Кочани, а карти ќе се продаваат само на влез. 🎟  Поради ограничениот капацитет бројот на карти е лимитиран и ќе се продаваат по принципот прв дојден - прв услужен, затоа дојдете си навреме. 🏃‍♂️ Се гледаме таму! 🖤
256 1
21 days ago
“Ex níhílo”, second promotion in Skopje, with @aleksandra_s_jurukovska , @biljanavolceska , @dobigraseska and @marija.petreska . Photos by @marija.petreska . @p_o_l_i_c_a @bookva.mk
73 1
23 days ago